Регулаторите на пазарите на хартии од вредност потпишаа Декларација за соработка

Регулаторите на пазарите на хартии од вредност од Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Република Српска, Федерацијата на Босна и Херцеговина и Дистрикт Брчко, денеска во Љубљана потпишаа Декларација за соработка

„Заедничката соработка ќе доведе до координација при носење на регулативата и утврдувањето на исти стандарди за санкционирање на пазарните манипулации и инсајдерско тргување”, соопшти Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ).

Документот го потпиша претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Елизабета Чингаровска, а предвидува воспоставување високо регулиран, фер, ефективен и транспарентен пазар на капитал кој ќе има за цел заштита и привлекување на домашни и странски инвеститори.

ljubljana-2

Според Декларацијата, регулаторите ќе соработуваат при организирање на заедничка едукација и спроведување на лиценцирање на пазарните учесници кои би пружале услуги на пазарите во регионот.