Регулаторна ги соопшти цените на горивата…

Дизелот и бензинот од 95 октани по иста цела, екстра лесното масло и 98 октанскиот бензин поевтини за половина денар.

Од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит. Малопродажните цени на на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит