Регулаторна одлучи: Нови цени на бензините

Регулаторната комисија за енергетика одлучи, од полноќ бензините ќе се продаваат по нова цена. Бензините поевтинуваат за 3 денари, а цената на дизелот на се менува.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ.

Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 од полноќ ќе се точи за 55 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 за 57 денари за литар.

Цената на дизелот останува на 41 денар за литар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.