Регулаторната комисија денес треба да објави нова цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја објави одлуката за новата цена на електричната енергија.

РКЕ вчера одржа подготвителна седница, а пресметката на цената на електричната енергија ја врши врз основа на извештаите од енергетските компании.

Новата одлука за цената на струјата ќе важи од 1-ви јули годинава.