Спорт

Реина сака да брани и преку барата

Реина сака да брани и преку барата

Искусниот голман на италијанскиот калчолигаш Наполи, Пепе Реина, откри дека сака да настапува и преку барата, да брани за некој клуб кој се натпреварува во американската професионална лига.

“Сакам да пробам нешто ново, нешто поразлично. Сакам да се испробам и во САД или да пробам нешто слично. Јас имам јасна цел, сакаm уште три до четири години да бранам за еден клуб, а потоа да бранам уште неколку сезони за некој друг клуб. Мислам дека можам да бидам прв голман уште шест сезони. Нема ништо ново кога е во прашање мојата кариера, но имам чуство дека челниците на Наполи се задоволни од моите услуги и дека во наредниот период ќе остварат контакт со челниците на Ливерпул. Јас нема да се вратам во Англија, нема да се вратам на “Енфилд”. Ливерпул има нов голман, а од мене се ослободија поради економски причини”, изјави репрезентативецот на Шпанија.