Реисот Сулејман Реџепи наплатува од Грција и одработува

Коментарот на реисот Сулејман Реџепи самиот по себе дава одговор. Господинот одработува за некои служби. Вакви негови изјави не се малку, човекот не случајно излегува со непризнавање на Македонците муслимани а позади општо како Македонија како нација и јазик и има наплатено добро од некои Грци, коментира за Нетпрес претседателот на Сојузот на Македонци со исламска религија Исмаил Бојда.

Овој коментар на Бојда следи како одговор на изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи, кој во неговиот текст „Раѓањето на ин витро нацијата“ вели:

„Постојат Торбеши, а не Македонци – муслимани, кои се ин витро нација која ја измислува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ како своја сатанска активност за да создадат нација на антички луѓе и да останат на власт.“

– Ако ние како Македонци со муслиманска вероисповед сме ин-витро породени тогаш сме виделе од Албанците муслимани, они ни се урнекот оти тие порано беа Јаничари но за жал сите Албанци мислат исто како овој кој не ја заслужува титулата поглавар, вели Бојда во коментарот.

Претседателот на Сојузот на Македонци со исламска религија вели дека ако реисот мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ја измислува нацијата Македонци муслимани, тогаш е во голема заблуда.

–  Неговиот гнев кон нас како исправни муслимани одани на исламот не му дава од носот подалеку да гледа. Македонците муслимани се припадници во сите политички партии зависи само програмата, ама се Македонци национално. Како што вели и самиот тој,„ ние сите сме Албанци затоа што не врзува јазикот“ и нас не врзува македонскиот јазик, култура, територија, држава по име Македонија, вели Бојда.

На крајот од коментарот Бојда вели дека тој лично и Сојузот не бараат извинување, туку оставка од местото поглавар на ИВЗ и најавуваат дека ќе следи судска разврска за оваа навреда.