Рејес летна аквизиција на Олимпијакос

Поранешниот репрезентативец на Шпанија, а сега стандарден првотимец во дресот на Севилја, Хозе Антонио Рејес, ќе биде најзвучната летна аквизиција на актуелниот шампион на Грција, тимот на Олимпијакос.

Пресудно за преселбата во Грција е фактот дека Олимпијакос и во новата клупска сезона ќе се натпреварува во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, додека Севилја ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула во Лигата на Европа.

Од продажбата на искусниот крилен напаѓач, челниците на Севилја очекуваат заработувачка од најмалку 6 мил. евра.