Рејтингот на Меркел во пораст

Рејтингот на Меркел во пораст
Рејтингот на Меркел во пораст

Германската канцеларка Ангела Меркел успеа да врати дел од довербата кај гласачите, но се уште голем број Германци не ја одобруваат нејзината политика за бегалската криза, покажуваат резултатите од анкетата на телевизијата АРД, пренесува БТА.

Поддршката за нејзината политика за бегалците неделава пораснала за три проценти во споредба со ноември и изнесува 42 отсто, но 57 проценти од испитаниците изјавиле дека не се задоволни од политиката на владејачката коалиција за миграциската криза.

Меркел неделава обезбеди поддршка од демохристијаните за намалување на бројот на бегалците во Германија. Се очекува нивниот број да достигне до еден милион луѓе до крајот на годината.