Рејтингот на Путин во Русија скокна за 70 отсто

Рејтингот на рускиот претседател, Владимир Путин, е на својот врв и тој би добил 70 отсто од гласовите доколку претседателските избори се одржат следната недела, покажуваат резултатите од социолошкото истражување кое што денеска го објави рускиот Фонд за јавно мислење (ФОМ).

Анкетата на ФОМ покажала дека на прашањето „за кого би гласале, доколку претседателските избори се одржат следната недела, 53 отсто анкетирани Руси би гласале за Путин, што е за пет отсто повеќе во однос на само една недела претходно“, јавува руската агенција „Итар- Тас“.

Во изминатите 12 месеци, рејтингот на Путин, во просек, се движел од 45 до 47 отсто, а неговиот актуелене рејтинг од 70 отсто е близу или дури го надмина она што го имаше во текот на претседателската кампања од 2012-та година.

„Рекордот на растот на популарноста Путин ја должи на големиот број настани поврзани со Крим. Путин демонстираше голема самоувереност во тоа што го работи и останува во правните рамки“, оценува генералниот директор на Центарот за политички информации, Алексеј Мухин.