Политика

Рејтингот на СДСМ во слободен пад – го допира ли дното?

Рејтингот на СДСМ во слободен пад – го допира ли дното?

СДСМ повеќе не втора партија во Македонија, според анкетата на американскиот институт ИРИ. На второ место сега е Демократската унија за интеграција, која според истражувањето на ИРИ има рејтинг од 14 отсто, што е за 4 отсто повеќе од оној на СДСМ.

Анкетата покажува дека опозициската СДСМ има пад во својот рејтинг од 2 отсто, односно од претходните 12, сега е на 10 отсто.

За повеќе од три пати е поголем рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј рејтинг се зголемил за 4 отсто и сега е 34 отсто, што претставува длабока предност пред своите политички опоненти.

Од друга страна, тројцата клучни политички фигури во СДСМ – Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Бранко Црвенковски, заедно немаат ниту половина од рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Никола Груевски. Поточно тие заедно имаат рејтинг од 6 отсто, што е повеќе од четири пати помалку од оној на Груевски.

Според ИРИ, рејтингот на Груевски е 25 отсто, Шекеринска ужива рејтинг од само 1 отсто, Зоран Заев од 3, а Бранко Црвенковски има рејтинг од 2 отсто. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети има рејтинг од 9 отсто, покажало истражувањето на ИРИ.

cr-sek-za

Политичките аналитичари сметаат дека ова истражување покажува дека народот го казнува опозицискиот СДСМ за неговата деструктивна политика, додека зголемувањето на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на постојаната ангажираност, работа и спроведувањето на проекти од програмата на партијата.