Река во Австралија гореше цел час поради метан на површината

Драматичната снимка на реката, која гори на Интернет ја постави пратеникот Џереми Бакингам од партијата на Зелените, нагласувајќи ја загриженоста поради експлоатацијата на природен гас.

Според него пожарот на реката, која се наоѓа во басенот Муреј Дарлинг бил предизвикан од метанот, кој истекол по експлоатацијата на гас неколку километри подалеку. Тој додаде дека реката горела речиси цел час.

Во ова подрачје се наоѓаат неколку стотини наоѓалишта на гас во сопственост на компанијата „Ориџин енерџи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.