Реката Струмица кај Владевци се претвори во езеро

Реката Струмица од кај Владевци од 20 метри се прошири на 600 метри во овој реон. Земјоделски обработливите површини се целосно под вода, пишува порталот Струмица нет.

Оваа река кај Владевци стана вистинско езеро кое се простира во должина од 10-тина километри. Постојано се излева реката, уништувајќи ги земјоделските површини.

Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов во изјава за порталот вели дека целосно се уништени обработливите земјоделски површини по должината на реката Струмица, а најголем проблем им прават водите од реките во Радовиш и Плаваја.

Засега нема опасност од поплавување на населените места во општина Василево. Механизацијата е на терен кај селата Пиперево и Добрашинци, каде се поставуваат насипи за спречување од можно излевање на реката.

фото: Струмица Нет