Македонија

Реклами за протести на почесно место во сите соросови портали

Реклами за протести на почесно место во сите соросови портали

Сите можни повици за сите можни протести во земјава се рекламираат преку банери на порталите финансирани од Соросовата формација, кои отворени ги застапуваат опозициските политики, пишува Курир.

Банери за повици за најавените протести можат да се видат на сите опозициски портали. На дел од нив банерите се поставени и еден под друг, како што е случајот со порталот „Плусинфо“ на Бранко Героски. Таму можат да се забележат двата банери, едниот кој повикува на протест за укинување на измените во законот за плаќање на придонеси на хоноратите, како и банер за најавениот протест како поддршка на акцијата „Го сакам ГТЦ“.

Покрај на „Плусинфо“, повиците за протести можат да се забележат и на низа други опозициски портали, меѓу кои и Либертас на Ацо Кабранов. Порталите на Кабранов и Героски, активно беа вклучени и при студентските протести, кога беа поставени, како што самите признаа бесплатни банери. Причината зошто банерите не се наплаќаа беше повеќе од јасна, односно стануваше збор за иста структура, со исти цели.

Покрај поддршка од соросовите портали, отворена поткрепа за најавеите протести доаѓа и од други здруженија кои во јавноста важат за блиски до опозицијата, како Хелсиншкиот комитет, „Цивил“ на Џабир Дерала, здружението Ленка, левичарското движење „Солидарност“ и Самостојниот синдикат на новинарите.

Сето ова јасно покажува дека исто како и со студентскиот протест кој беше иницран и директно поттикнат од опозициски структури, истите тие инструменти СДСМ ќе ги користи и за протестите кои се најавуваат, со цел да се прикаже што е можно поголема масовност на улиците, па повторно ќе протестираат истите оние кои постојано се ставаат во различна улога одработувајќи во функција на СДСМ.