Рекламите на Пленумот во СОРОС-овите медиуми се бесплатни и самоиницијативно поставени?

Ацо Кабранов, Либертас и останатите опозициски портали кои имаат поставено банер на Студентски пленум со подршка за утрешниот протест не им наплаќаат на студентите за истиот, од проста причина што се иста структура, објавува Курир.

Кабранов и Либертас сами се заплеткаа одговарајќи на текст на Курир колку плаќа Студентскиот пленум за поставените реклами и дали трошоците за нив ги подмирува Фондацијата СОРОС. Во одговорот, Либертас вели дека банерот е поставен самоиницијативно без тоа да било побарано од Студентскиот пленум, бидејќи нивната редакција проценила дека студентскиот протест е автентична иницијатива која морала да се поддржи.

Ваквиот одговор значи дека Либертас на Ацо Кабранов, Плусинфо на Бранко Героски и останатите опозициски портали кои го рекламираат Студентски пленум не им наплаќаат на студентите кои наводно се независни. Причината за тоа е многу едноставна, станува збор за иста структура.

И претходно беше познато дека Младинскиот образовен форум (МОФ) е организација чии луѓе го сочинуваат Студентскиот пленум, која пак е директно финансирана од Фондацијата СОРОС, како што е случајот и со порталите кои ги раководат Кабранов и Героски. Токму поради ова, Либертас, Плусинфо и останатите сајтови не му наплаќаат на Студентскиот пленум за поставените банери, а поводот за тоа е што иста структура се бори за исти цели.

Само МОФ во период од четири години земала близу еден милион евра донации од СОРОС, а најголем донатор на оваа невладина организација се јавува токму ФИООМ, претставништвото на СОРОС во Македонија.