Реконструиран патот Маврово – Маврови Анови

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, денес заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди, го пуштија во употреба реконструираниот патен правец Маврово-Маврови Анови.

Патниот правец Маврово-Маврови Анови со должина од 6 километри е целосно афалтиран, санирано е свлечиштето и во тој дел се изврши проширување на патот. Вкупната инвестиција е 1,2 милиони евра, a со овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој регион.

pat1

-Веќе од следниот месец ќе започнеме со реконструкција на регионалниот пат НовоСело-Маврово-Жировница-Дебар во должина од 20 километри и инвестиција од околу 8 милиони евра, а од следната година ќе започнеме сои зградба на делницата Граски мост –Извор. Генерално работиме непрекинато, влезени сме во еден инвестициски инфраструктуран циклус преку кој значително ќе ја подобриме патната мрежа во Република Македонија  изјави Мисајловски.

Исто така, во рамки на посетата министерот изврши и увид на градежните работи на пешачката патека околу Мавровско езеро која изградба е во финална фаза. Должината на пешачката патека изнесува околу 2,5 километри со широчина од 2,5 метри, истата е хортикултурно уредена и осветлена, вредноста на целиот проект изнесува околу 8 милиони денари.