Реконструирана дистрибутивната мрежа во Малешевијата

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Делчево интензивно работи на реконструкција на дистрибутивната мрежа во повеќе населени места под Малешевските планини. Над 150 илјади евра се инвестирани во реконструкција на мрежата во најкритичните точки и во изградба на нова во населените места каде се зголемува бројот на корисници.

Во Берово и блиските села извршено е каблирање на 10 kV Извод Берово1и Села 1, поставени се нови подземни кабли во должина од 2.000 метри со што над 1.000 корисници добија постабилно напојување со електрична енергија. Со ова се зголеми безбедноста на населението и се отвора можност за урбанизација на делот каде беа воздушните водови.

За потребите на корисниците од месноста Суви Лаки изградена е ниско напонска мрежа во должина од 1146 м., 10 kV приклучен далновод во должина 200 метри, а изградена е и нова ТС10/0, 4 kV, 400 kVA, со што се подобрува снабдувањето за старите и овозможено е приклучување на 40 нови корисници.

Во тек е реализација на проектот за изгрдба на нова трафостаница  Моштица ТС 10/04 kV,приклучен 10 kV. Далновод со должина 400 метри за истата и реконструкција на мрежата со што проблемите на корисниците со напонот во с. Моштица и Македонска Каменица ќе бидат надминати