Реконструирана главната улица во Илинден

Општина Илинден изврши комплетна реконструкција на главната влезна улица во Општината во должина од 660 и широчина од 7 метри, пренесе МИА.

Со реконструкцијата на улицата „2“ во населбата Илинден, на која во текот на зимските месеци на повеќе места дошло до оштетување на коловозот, покрај поголемата безбедност на учесниците во сообраќајот, значително ќе се олесни и движењето на граѓаните во овој дел од општината, соопштија од Општината.

– Со градежните работи беше опфатено поставување на комплетно нов слој асфалт на улицата „2“, која што претставува еден од главните влезови во општината. Покрај новиот асфалт, на улицата, која е од витално значење за пулсирањето на Општина Илинден, се поставува и атмосферска канализација за одведување на атмосферските води од коловозот. Со ова не само што се придонесува за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, туку и се заштитува коловозот од оштетувања, се наведува во соопштението на општината.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

ФОТО: МИА