Реконструирана и надградена библиотеката во Битола

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и директорот на универзитетската библиотека ,, Св. Климент Охридски ” Науме Ѓоргиевски, ги пуштија во употреба новите простории во надградениот дел од зградата на библиотеката.

Со инвестиција која вреди над 30,5 милиони денари, која што е издвоена од буџетот на министерството за култура, се изврши целосна надоградба на библиотеката, се изврши и реставрација на фасадата на стариот дел од зградата, и се направи добар спој со стариот и новиот дел кој што се надогради, изјави министерката Канчевска-Милевска.

Со надоградбата библиотеката се здоби со 500 метри квадратни функционален простор, од кој простор дел е наменет за читателите, дел за  преслушување на музички изданија, како и простор за одржување на семинари, трибини и други манифестации.

biblioteka-1

Во проектите на министерството за култура кои се предвидени за оваа година, влегуваат и конзервација и реставрација на музичкото училиште, гимназијата и безистенот, кои се од исклучително значење за градот Битола.

Упатени беа честитки, и до новоизбраниот директор на ИФФК ,, Браќа Манаки ” Димитар Николовски.

biblioteka-2

Со новиот директор на фестивалот ,, Браќа Манаки ”, веќе започнавме да работиме, и договоривме да се отвори нова канцеларија, која 365 дена, ќе работи за фестивалот, но  паралелно и на афирмација на условите, и сето она што ќе биде значајно за развој на Битола филмски град, истакна градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.