Реконструирана сообраќајната лента кај Театарот за деца и младинци

Изминативе денови екипите на Градот Скопје извршија реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци.

Станува збор за реконструкција на крајната сообраќајна лента на потег во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

Со градежните работи беше извршено гребење на стариот вдлабнат и оштетен асфалт и беа нанесени три асфалтни слоја, како и нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на потегот кај автобуското стојалиште.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, работеа екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу милион денари.

Во рамките на проектот за реконструкција на оштетениот коловоз пред поголем број автобуски станици, во моментов градежни работи се извршуваат и на двете автобуски станици на булевар „Кузман Јосифовски – Питу”, како и на булеварот „Крсте Петков Мисирков”, од страната на МАНУ.

Изминатиов период беше извршена реконструкција на оштетениот коловоз пред автобуската станица и од спротивната страна на улицата Димитрие Чуповски.