Реконструирана улицата Кемал Сејфула во Бутел

лежана и хоризонталната сигнализација. Градот Скопје во овој зафат вложи околу 10 милиони денари. Овој проект е продолжување на проектот за реконструкција на улицата Кемал Сејфула што Градот Скопје го реализира во 2010 година, кога улицата Кемал Сејфула беше реконструирана на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Ферид Бајрам. Со тоа, улицата Кемал Сејфула доби целосно нов лик. Она што е особено важно да се нагласи е дека реконструкцијата на улицата Кемал Сејфула ќе придонесе да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот, имајќи предвид дека на оваа улица се наоѓа средното училиште на Град Скопје „Арсение Јовков“, ОУ „Петар Здравковски Пенко“,  поликлиниката „Чаир“ и многубројни станбени и деловни објекти. Оваа улица секојдневно ја користат стотици илјади граѓани, а наша цел е да овозможиме тие безбедно да стигнат до саканата дестинација – нагласи денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Kemal Sejfula 2 Faza (2)1

Градоначалникот на општината Бутел, Латиновски, рече дека проектот за реконструкција на улицата Кемал Сејфула, втора фаза, е уште еден во низата успешни проекти што се резултат на добрата соработка со Градот Скопје.