Реконструкција и изградба на 46 локални патишта, инвестиција од 7,2 милиони евра

Од понеделник започнуваа реконструкцијата и изградба на локални патишта низ 38 општини низ државата, објави Курир.

-Се работи за 46 локални патишта во должина од 57 километри , инвестиција од 7,2 милиони евра. Веќе од пондеделник започнуваме со изградба и реконструкција на сите овие локални патишта кои треба да бидат завршени до крајот на оваа година, посочи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по денешниот увид на санацијата на мостот на реката Пчиња во Долно Коњаре.

фото: Курир