Македонија

Реконструкција на Центрите за социјална работа во Штип и Гевгелија

Реконструкција на Центрите за социјална работа во Штип и Гевгелија
Спасов: Преку „Македонија вработува“ вработени над 3.500 лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска престојува во работна посета на Гевгелија по повод започнување на градежните работи за целосна реконструкција на зградата на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи која треба да заврши до почетокот на септември со создавање на многу помодерни услуги на корисниците на правата и штитениците на Центарот за социјална работа, како и поквалитетни услови за обавување на работните обврски на вработените во центарот.

– Реновирањето на овој објект е дел од втората фаза која опфаќа седум центри за социјална работа чија реконструкција ќе заврши до почетокот на септември и со која всушност ќе бидат реновирани вкупно 11 центри за социјална работа во Македонија.  Очекувам набрзо да почне третата фаза која опфаќа дополнително реновирање на уште 18 центри за социјална работа или пак 30 објекти односно плус 12 дневни центри за деца со пречки во развојот. Покрај  ова набрзо ќе се реновираат и 12 центри за вработување во земјава со што ќе продолжиме со континуираното подобрување на капацитетите со кои располага Министерството за труд и социјална работа на Република Македонија, рече министерот Спасов.

Со реконструкцијата на Центарот во Гевгелија ќе се постават нови термоизолациски фасади, ќе се изврши реновирање на санитарните јазли, ќе се заменат прозорците и вратите и ќе се извршат други градежно занаетчиски работи.

Директорот на меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гевгелија Лазе Трајков изрази благодарност до министерот и Министерството за труд и социјална политика што после цели 30 години објектот во Гевгелија ќе се реновира и ќе им обезбеди подобри услови за работа на вработените и помодерни услуги на корисниците на правата на Центарот.