Македонија

Реконструкција на машкиот дел од Градската бања „Кежовица“

Реконструкција на машкиот дел од Градската бања „Кежовица“

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на машкиот дел од Градската бања „Кежовица“.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека целосно ќе се заменат плочките, ќе се урнат ѕидовите кои се непотребни, а ќе се преместат и тушевите.

– Значи комплетно ќе ги реконструираме и базените, ќе има и нови ПВЦ прозорци, а вкупната инвестиција чини милион и двесте илјади денари. За 45 дена сметаме дека ќе го завршиме овој проект, истакна Бојаџиев.

Тој додаде дека веќе е реконструиран и сместувачкиот дел на бањата, каде што престојуваат многу гости од останатите општини, но и од странство. Додека се реконструира машкиот дел од Градската бања, ќе се користи женскиот дел, каде што еден ден ќе можат на бања да одат жени, а еден ден мажи.

Во Штип има традиција за користење на Градската бања Кежовица од страна на самите граѓани, имајќи во предвид дека станува збор за вода која се користи за лекување на одредени болести.