Македонија

Реконструкција на покривот на ЦК „Ацо Ѓорчев“ во Неготино

Реконструкција на покривот на ЦК „Ацо Ѓорчев“ во Неготино

Со средства обезбедени од Министерството за култура започнува реконструкцијата на покривот и покривната конструкција на Националната установа -Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

Реконструкцијата на објектот кој претставува центар на културата,  уметноста, музиката и целокупното културно живеење на граѓаните од Неготино ќе се одвива во две фази.

Согласно проектот во рамките на првата фаза која треба да биде завршена до крајот на годинава ќе биде извршена реконструкција на покривната конструкција  и на таванскиот дел над кино салата на објектот. Останатиот  дел од покривот ќе биде реконструиран следната 2015 година во рамките на втората фаза.

Претходно во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, Центарот за култура во Неготино  доби и нов дигитален проектор, со што се овозможи реализација на киноприкажувачката дејност во овој град.

Со реконструкцијата на покривната конструкција и покривот на објектот, Неготино ќе добие простор за непречено одвивање на културните активности.