Реконструкција на живеалиштата во ЗОО Битола

Денеска започна реконструкцијата на живеалишта за животните во ЗОО Битола. Со инвестиција од 1 милион и 200 илјади евра, од кои 700 илјади евра за ЗОО Битола а 500 илјади евра за ЗОО во Лерин ќе се градат овие живеалиште .

„ Задоволен сум што заедно со Пелагонискиот плански регион, со општините Битола и Лерин го реализираме овој проект, кој што ќе ги подобри условите за живот на животните“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, заменик министер за локална самоуправа.

„ Соработуваме заеднички на овој проект. Студенти волонтери од Битола и Лерин ги посетија двете зоолошки градини и ги видоа состојбите каквисе. Ова е многу значаен проект и за вашата и за нашата земја, и се надевам дека ќе ја продолжиме соработката и во иднина“, изјави Арис Аристидис, заменик градоначалник на Лерин

„Среќни сме што прекуграничната соработка меѓу двете земји е успешна. Тоа е програма која што тече неколку години и на која многу важни проекти се реализирани кој се во тек од различни сегменти, од промоција на туризмот до заштита на животната средина“, изјави Елени Порихи, конзул на Грција во Битола.

Живеалиштата на животните се работени по стандардите на Европската асоцијација за животни и аквариуми, асоцијација која што го прифатила техничкото членство на Зоолошката од Битола

„ Се работи за 8 живеалишта, а 9- тото е за живеалиштето на нилскиот коњ кое што спаѓа во друга програма и со друг проект, но се надевам дека ќе го завршиме и тоа оваа градежна сезона. Отанатите живеалишта ќе ги решаваме на друг начин“, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола

„ Зоолошката во Битола ќе добие живеалишта за повеќе животни што досега ги немаше, како живеалиште за ракун, лав, тигар, мајмунара, нова билетара и нови живеалишта за мечка и рис.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе продолжи да го спроведува овај проект до крај, бидејќи најважно е да се донесат што поголем број на посетители на ЗОО во Битола“, изјави Емилиа Ѓероска, директор на ЦРППР

Со новите живеалишта за животните ќе се подобреле и условите за работа на вработените во зоолошката

„Со овие нови живеалишта освет што ќе имаат бенифит животните голема корист ќе има и за вработените. Откако ќе го завршиме овај проект остануваат за реконструкција уште околу 15 живеалишта“, изјави Коста Нешовски, директор на ЗОО Битола.

Реконструкцијата на живеалиштата е дел од проектот за иновативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија-Лерин – „ЗОО Иноватива“.

 

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.