Реконструкција: Нови министри за образование, правда, култура

Со проширувањето на владината коалиција неделава конечно ќе бидат соопштение и новите министри по најавената реконструкција на Владата. Според новата поделба на власта образованието оди кај ДУИ, прадва кај СДСМ, култура кај Беса на Гаши, пренесува МКД.мк.

Според информацијата,  ааменик – министерот за образование, Арбр Адеми, ќе стане министер за образование од листата на ДУИ. Актуелната министерка за образование Рената Дескоска, ќе стане министерка за правда од листата на СДСМ.

Поранешниот амбасадор во Данска, Асаф Адеми, ќе биде министер за култура како член на Беса на Африм Гаши.

Се шпекулира дека Беса ќе добие и заменички места во министерствата за надворешни работи и за труд и социјална политика.

Од ДПА објавија дека министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Даути, а  заменик-министер во Министерството за транспорт и врски ќе биде Мусадик Беќири.

Премиерот Зоран Заев денеска вети дека утре ќе го достави списокот на луѓето од неговиот кабинет кои ќе бидат заменети. Заев се надева дека до крајот на овој месец, неговите предлози ќе бидат ставени на дневен ред пред пратениците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.