Ќе се реконструира Саат-кулата во Неготино

Ќе се реконструира саат-кулата во Неготино

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, ќе се реконструира Саат-кулата во Неготино – споменик на културата од османлискиот период.

Стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино прават геомеханички испитувања на теренот на кој се наоѓа кулата која е висока 15 метри.

Како што соопшти Министерството за култура, по извршените испитувања, во рамки на активностите за конзервација и реконструкција на кулата, ќе спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.

Саат-култата во Неготино била подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик. Тој го изградил и безистенот во Неготино кој изгорел во пожар во 1913 година.

– Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура, информира Министерството за култура.