петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 22

Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ продолжува

По реновирањето на 135 соби во Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што се сместени 315 студенти, следна фаза од целосната реконструкција на најголемиот студентски дом ќе биде реновирање на блокот А, а потоа и В и Г.

spiro-ristovski-3

Поврзани вести

По реновирањето на 135 соби во Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што се сместени 315 студенти, следна фаза од целосната реконструкција на најголемиот студентски дом ќе биде реновирање на блокот А, а потоа и В и Г.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска го посети реновираното крило на домот и разговараше со некои од студентите сместени таму.

За комплетното реновирање на Блокот Б беа инвестирани 85 милиони денари. Променети се вратите, прозорците, подовите, во собите се заменети тоалетите, ставен е дополнителен мебел – кревети, плакари и биора. Реновирана е и библиотеката на овој студентски дом, која се наоѓа во Блокот Б и е опремена со литература од проектот за превод на стручни книги.

Одлично завршена работа. За мене лично и за Министерството е од големо значење тоа што студентите се задоволни од условите во кои сега престојуваат. Со ист интензитет продолжуваме и во следната фаза на реконструкциите што ги најавивме претходно, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој соопшти дека за Блокот А е избрана фирма што ќе го изведе комплетното реновирање и дека во наредните денови ќе почнат градежните активности.

spiro-ristovski-2-640x294

Задоволен сум од динамиката и очекувам дури и со зголемен интензитет вториот блок од домот да биде комплетно реновиран за да може да се сместуваат студенти на следното аплицирање за студентски места. За блоковите В и Г и за мензата се очекува во наредните неколку дена, согласно со рокот,  да биде завршен проектот за нивна реконструкција и потоа ќе се оди кон постапка за добивање согласност за да може да се објави реконструкција на тие два останати блока од овој студентски дом, додаде Ристовски.

Во завршна фаза нацрт – проектот за изградба на Медицинар

Информираше и дека е во завршна фаза нацрт-проектот за изградба на студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ (Медицинар). Во наредните 30-ина дена очекува до МОН да биде доставен проектот за изградба по што ќе следува јавен повик за избор на фирма-изведувач.

Студентите задоволни од условите во домот

Во изјава за медиумите студентите Александар Захариев од Кочани и Крсте Илиевски од Вевчани рекоа дека, во споредба со претходните, добиле многу подобри услови по реновирањето на блокот.

Сега условите се драстично подобрени, особено во зима. Во стариот блок беше многу студено зашто прозорците беа дотраени. Имаме нови прозорци, парното е обновено и условите се доста подобри, и за учење и за живот во домот, рече Захариев.

 

spiro-ristovski-1-1

Илиевски ги спореди новите услови со тие во домот „Пелагонија“ каде што бил сместен лани.

За разлика од таму се чувствува разликата – има подобри услови за учење, поголема приватност. Од голема корист ни е читалната, добро е организирана, има за секого место. Најдобро е што има добра топлинска изолација и интернет што е нешто најпотребно за нас студентите, рече Илиевски.

Во однос на двата проекта за млади што ќе се реализираат преку МОН, а кои вчера ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски (сушални и перални во студентските домови и читални во Струмица, Аеродром и Велес), Ристовски рече дека Министерството ќе ги поддржува сите проекти кои ќе го подобрат стандардот на младите и студентите.

МОН ја поздравува оваа иницијатива. Со најавата за групни перални и сушални во студентските домови се постигнува уште еден дополнителен стандард, каков што има во западноевропските земји. МОН ќе ги преземе сите потребни активности за овој проект. Ќе го поддржи и проектот за отворање нови читални бидејќи е во интерес на студентите и воопшто на младите во Македонија, рече Ристовски.

Најчитани вести