Реконструкцијата на водоводната мрежа во Брњарци во завршна фаза

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, беше во работна посета во населено место Брњарци каде во завршна фаза е реконструкцијата на водоводната мрежа, поставена e нова водоводна цевка во должина од 2 километри и комплетно нови фасонски делови за приклучоци.

Водоводната мрежа и оградата беа целосно уништени од поплавата која го зафати и ова населено место.