Рекорд во ЕУ: 70 отсто од младите Хрвати живеат со родителите

Скоро три четвртини од младите Хрвати никако да го напушат родителскиот дом, а по бројот на млади од 18 до 34 години кои уште живеат со родителите, Хрватска, со 70%, е рекордер во Европската унија.

Според податоците на Евростат, нешто подобри од Хрватите се Словаците, Србите, Италијанците и Малтежаните.

„За да се иселите од кај родителите треба да имате извесни приходи. Друг фактор се цените на недвижнините, цената на наемот; луѓето, едноставно, тоа не можат да си го приуштат, а причина е и извесната навика и комодитетот“, вели социологот Гојко Бежован, а пренесува Индекс.хр.

Во традиционално католичките медитерански земји просекот на оние кои живеат со родителите секогаш е поголем.

Поради менталитетот и подобриот стандард, најбрзо се осамостојуваат Данците, а зад нив се Финците, Швеѓаните и Норвежаните.

Просекот на ЕУ за млади луѓе кои живеат со родителите е 48%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.