Свет

Рекорд во висина на станарина за стан во Лондон, 200 илјди фунти месечно

Рекорд во висина на станарина за стан во Лондон, 200 илјди фунти месечно

Сопственик на луксузен стан во населбата Најстбриџ во Лондон, постави нови рекорди во висина на станарина, бидејќи месечно бара 200 илјади фунти.

Петособен стан е еден од неколку понудени за издавање во Хајд парк, инаку најскап станбен дел во светот.

Аналитичарите наведуваат дека месечната кирија за овој стан е доволна за купување на помал стан во многу делови во Лондон, а годишниот износ од 2,34 милиони фунти, би бил доволен за купување на семејна куќа во Батерсиј и Чизвик. Неделната станарина за овој стан е 45 илјади фунти.

Сајмон Прајс од агенцијата за недвижности „Севилс“ која е задолжена за недвижности во Хајд Парк, изјави дека има интерес од потенцијалните станари.

„Тоа е извонредна зграда во Лондон, со која ништо не може да се спореди,“ истакна Прајс.

Станот има 865 квадратни метри што е шестпати поголем од една типична куќа во Лондон, ходникот е долг 50 метри, има пет дневни соби, шест купатила и влез во подрум со вино како и две места за паркинг.

Главната спална соба има купатило за него и за неа, како и простор за гардероба, а на јужниот дел на станот е терасата.

Не е познато зошто сопственикот го издава станот, но е достапен на подолг период. Многу станови кои се издаваат во луксузните делови на Лондон, се издаваат на пократок период.