Свет

Рекорден број на имигранти во ЕУ минатиот месец

Рекорден број на имигранти во ЕУ минатиот месец
Издадени околу 320.700 потврди на странски државјани

Бројот на имигранти, кои влегле во Европската унија минатиот месец достигна нов рекорд, соопшти Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, објави МИА.

Поголемиот дел од новопристигнатите имигранти се Сиријци и Авганистанци, кои влегле во Грција од Турција.

Според податоците на Фронтекс 107.500 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули.
Според податоците на Фронтекс 107.500 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули.

Според податоците на Фронтекс 107.500 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули. Првпат бројот на имигрантите кои влегле во период од еден месец е над сто илјади.

Околу 340 илјади имигранти влегле во ЕУ од почетокот на годината до јули, додека минатата година таа бројка изнесувала 280 илјади.

Во Европа ситуацијата е критична, поради што сите земји-членки треба да интервенираат, изјави денеска директорот на Фронтекс Фабрис Леџери.

Тој ги повика останатите 26 држави од Унијата да им дадат поголема помош на Грција и Унгарија.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција околу 2.350 имигранти загинале од почетокот на годината во обид да достигнат до Европа преку Средоземното Море.