Рекорден број на погодоци во Германија

Рекорден број на погодоци, вкупно 12, беа постигнати на последните два натпревари од 26. коло во германската Бундес лига.

Убедлива победа од 5:2 на гостувањето во Нирнберг забележаа фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт, а минимална победа од 3:2, над моментално четвртопласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузе, остварија фудбалерите на Хофенхајм.