Рекорден број на решени предмети на Агенцијата за катастар

Годината што изминува, директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески ја оцени како најуспешна до сега. Нови правни рамки, нови ИТ системи, надградба на електронскиот катастар со грaфика, дигитализација на катастарските планови, воведување на нови геодетски мрежи и други активности кои беа спроведени, придонесоа годината да заврши со примени еден милион 57 илјади и 936 предмети од кои се нерешени 1330 предмети, што е апсолутен рекорд во историјата на катастарот. Издадени се вкупно 548 илјади 89 имотни листови.

„Во април беше донесен новиот Закон за катастар на недвижности (новини подземен катастар, масовна проценка, регистар на градежно земјиште, адресен регистар, ажурирање на податоци и картогарфски производи).Донесени се и 16 подзаконски акти со кои се операционализира законот.За посебно издвојување се подзаконските акти со кои се создадоа условите за започнување на премер на инфраструктурните објекти. За првпат беше уредувањето на премер на државна граница. Донесена е нова организација на катастарот, со што од 29 одделенијаќе се трансформира во седум сектори,“ изјави директорпот Трпески.

Во однос на новите ИТ системи, промовиран е нов електронски шалтер со што се склучени рекордни 388 договори, за разлика од 2012 кога биле склучени само 70.

„Реализирани се повеќе од 70 илјади трансакции по електронски пат, странките не доаѓаат во Катастар, туку преку општината или нотарот ги реализираат трансакциите во катастарот. Триесет катастарски општини се ставени во новиот систем каде што 100 отсто се усогласени податоците меѓу правото и геодезијата и издавање на копиите од катастарските планови се врши веднаш на шалтер исто како имотните листови,“ потенцираше Трпески.

Освен дигитализацијата на 557 катастарски општини, извршена е и обука и контрола на 107 геодети ангажирани преку проектот. За првпат се воведени и нови геодетски мрежи.

Во 2014 година, предвиден е нов електронски шалтер со помош на кој ќе има драстична промена на работата на Агенцијата за катастар.

„Нотарите директно во електронски катастар ќе ги запишуваат договорите за купопродажба и хипотеките. Агенцијата само ќе ги промовира и одобрува. Системот на електронски дозволи на општините директно ќе биде поврзан со електронски шалтер на агенцијата. Геодетските фирми он лајн ќе ги проверуваат геодетските елаборати,“ изјави Трпески.

За следната година се планирани воведување на подземен катастар и издавање на првиот имотен лист.Битно за општините ќе биде воспоставување на регистер на цени, а физичките и правните лица преку интернет ќе поднесуваат барања за услугите.

Кон крајот на годината, ќе заврши процесот за дигитализација на катастарските планови.

Во Македонија има вкупно 4 милиони 237 илјади 293 парцели, згради се 747.117 и вкупно имотно листови еден милион 594 илјади 843.Вкупно запишани се 13.542 хипотеки во вредност од три милијарди евра. Во однос на 2012 година, бројот на овие хипотеки е поголем но вредноста е помала. Избришани се 8316 хипотеки, запишани се 3541 судски забрани

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.