Рекорден број на убиени цивили во Авганистан годинава

Бројот на цивилните жртви на насилството во Авганистан се зголемил за рекордни 19 проценти во 2014 година, покажуваат податоци на Обединетите нации, објави МИА.

Во Авганистан оваа година се убиени 3.188 цивили, а 6.429 се ранети. Овие податоци се однесуваат на периодот од јануари до крајот на минатиот месец.

Бројот на убиените жени и деца се зголемил за 14, односно 33 отсто во споредба со претходната година.

Главна причина за големиот број цивилни жртви се воените операции на копно и рачно изработените експлозивни направи, нагласува Мисијата на ОН за помош на Авганистан.