Рекордер во регионот: БиХ со најголем број политички партии

Босна и Херцеговина е рекордер во регионот според бројот на регистрирани политички партии, но во овој момент не е можно да се предвиди колку од нив ќе се натпреваруваат на општите избори, најавени за октомври, бидејќи дел од партиите постојано се гаснат, додека други се формираат.

Од Централната изборна комисија потврдуваат дека во БиХ моментално, барем на хартија постојат 183 политички партии, а од изборите спроведени во 2010 година од судскиот регистер се избришани дури 77 партии.

Според достапните податоци по БиХ најмногу партии во регионот има Хрватска, 122, следат Србија со околу 90, Македонија со 53, Црна Гора со 45, додека во Словенија има 30.

Меѓу развиените земји според бројот на партиите на прво место е Шведска со 75, додека во Велика Британија има 12.