Рекордна инфлација од 4,3 отсто

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика ги потврдуваат катастрофалните економски показатели. Стандардот на граѓаните тоне, трошоците за живот растат а платите или се намалуваат или тапкаат во место.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, бележи пораст од 1.9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.3 отс%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во октомври 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3.

Според државниот завод за статистика пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај оризот за 3.6%, компирот за 3.2%, млекото и јогуртот за 1.9%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.8%, изнутриците за 1.6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9%, месото за 0.8%, другите пекарски производи и другите прехранбени производи за 0.5%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.4%, другите млечни производи и безалкохолните пијалаци за 0.3%.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 6.2%, обувките за 4.2%, автомобилите за 3.9%, домашните миленици и сродни производи за 3.1%, болничките услуги за 2.6%, гасот за домаќинствата за 2.2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.1%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.0%, стоматолошките услуги за 1.7%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 1.6%, теписите и другите покривки за под за 1.3%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1.2%, услугите за сместување за 0.9%, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства за 0.8%, терапевтските помагала и опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.7%, облеката за 0.5%, малите електрични апарати за домаќинствата и резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0.4%, услугите за одржување и поправки на станот и текстилот за домаќинствата за 0.3%, мебелот за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз и услугите за култура за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, бележи пораст од 1.9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.3%.