Рекордна количина на кокаин запленета во Црна Гора

Рекордна количина на кокаин запленета во Црна Гора. Станува збор за 250 килограми кокаин, чија вредност се проценува на околу 13 милиони евра.

Дрогата била пронајдена во контејнер со банани. Испраќач била компанија од Еквадор, а примател компанијата „Рапо компани“ од Албанија.

Цариниците го прегледувале контејнерот со банани, кој со анализа на ризикот бил одреден за детален преглед. Истиот бил скениран, по што припадниците на Одделот за сузбивање на криумчарењето го отвориле, притоа користејќи и специјализиран алат за откривање наркотици. На дното на контејнерот пронајден е специјално изработен бункер, со 223 пакувања кокаин.