Рекордна понуда од Борусија Д. за Имобиле

Германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд најверојатно ќе излези како победник во трката по потписот на најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчолигаш Торино, Чиро Имобиле.

Неофицијално, челниците на Борусија од Дортмунд се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за 23-годишниот репрезентативец на Италија.

Најдобриот голгетер во дресот на Торино е во ко-сопственост со големиот градски ривал, тимот на Јувентус, а фудбалските медиуми во Италија се убедени дека генералниот менаџер на “старата дама”, Џузепе Марота на стартот од летниот преоден рок ќе испрати официјална понуда за откуп на втората половина од договорот на Имобиле.