Македонија,Економија

Рекордна продажба на седум станови во еден ден во Адора инжинеринг

Рекордна продажба на седум станови во еден ден во Адора инжинеринг

Со продажба на седум елитни станови во еден ден, Адора Инженеринг забележа своевиден рекорд во продажбата годинава. Во текот на март компанијата има продадено 26 станови, а од почетокот на годинава досега се продадени 76 елитни станови на овој градежен супребренд.

За Адора Инженеринг ова е потврда на големиот интерес на граѓаните за елитните станови во нејзините објекти во Скопје и Охрид, кои се одликуваат со докажана врвна сеизмичка стабилност, висок квалитет според современите светски стандарди и долгорочна економичност која на станарите ќе им штеди енергија и трошоци за греење шест пати споредено со порано.

Во првите месеци од 2014-та во Адора Инженеринг продажбата на станови се зголеми за 10 проценти споредено со истот период минатата година.