Рекордна продажба на станови на Адора инженеринг: Доделена награда-опремување на новиот дом

На 5-тиот меѓународен  саем на недвижности во Скопје, Адора инженеринг оствари рекордна продажба од 20 елитни сигурни енергетски ефикасни станови со вкупна површина од 1.200 м². Николче и Маргарита Петковски од Битола се најсреќните купувачи кои на извлекувањето на затворањето на саемот, ја добија вредната награда-комплетно опремување на новиот дом во објектот Аеродром-Градинка, во новиот комплекс „Адора“ во општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје, на 15 минути пеш од строгиот центар во Скопје.

Shtandot na Adora na saem nedviznosti

– На саемот на недвижности 2015 во Скопје, штандот на Адора инженеринг го посетија 12.000 посетители, што е значително повеќе од 2014-та. Граѓаните ги препознаваат придобивките што ги нуди потврдениот градежен бренд Адора инженеринг, во сигурните домови, со геомеханичка и асеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес, со европски квалитет на градба, во еко домовите со енергетски пасош А-класа, кои на станарите долгорочно им штедат енергија за греење и ладење, со модерен дизајн и функционалност, современо опремени, хортикултурно оплеменети и со уредена околина. Висококвалитетното и безбедно домување што го нуди Адора инженеринг го заслужуваат граѓаните на Македонија и овој лидер во високоградбата и натаму ќе биде во функција на своите купувачи, порача Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.

Dodelena nagrada od Adora

Чифлиганец најави дека компанијата во 2015-та година започнува нови инвестициски проекти за изградба на неколку нови станбено-деловни објекти во општина Аеродром и со реализација на капиталниот проект ви стилот на Њујоршката архитектонска икона „Флетајрон“ што ќе се гради на влезот на општина Кисела Вода, во центарот на Скопје.