Рекордна висина на снежната покривка во Бостон

Рекордни 275,8 сантимери снег се измерени во Бостон, главниот град на Масачусетс.

Оваа снежна покривка е измерена на просторот на Меѓународниот аеродром Логан во неделата вечер. Со тоа е соборен рекордот од 1996 година, кога се измерени 273,3 сантиметри снег.

Рекордот е соборен откако во текот на вечерта наврнаа дополнителни нешто повеќе од седум сантиметри снег. Во Бостон висината на снежната покривка се мери од 1872 година.