Рекордни 278 кандидати за Нобеловата награда за мир

Церемонии за врачување на Нобеловите награди во Осло

Рекордни 278 кандидати се пријавени за Нобеловата награда за мир која што ќе биде доделена во октомври во Осло, соопштуваат од Нобеловиот институт.

„Бројот на предложени кандидати секоја година бележи раст, што покажува зголемен интерес за мир“, изјавил директорот на Нобеловиот инситут, Геир Лундестад.

Тој додал дека листата на кандидати пристигнала од целиот свет.

Имињата на кандидатите не се познати, но Лундестад рекол дека од 278 кандидати 47 се организации.

Имињата на добитниците на оваа престижна награда ќе бидат соопштени на 10-ти октомври во Осло.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.