Македонија,Свет

Рекордни 51 степени Целзиусови измерени во Индија

Рекордни 51 степени Целзиусови измерени во Индија

Во Индија вчера се измерени 51 степени Целзиусови, што е највисока температура на воздухот откако се води статистика, соопшти денеска Индиската хидрометеоролошка служба.

Во градот Палоди, северна Индија се измерени 51 степени, со што е соборен рекордот од 50,6 степени измерени во 1956 година.

Во северна Индија температурите во мај и јуни се искачуваат над 40 степени, тоа се најтоплите месеци во годината, но ретко се случува температурата да биде повисока од 50 степени.

Хидрометеоролозите предупредија на „силен топлотен бран“ кој ќе ги зафати поголеми делови од северните и западните области на Индија за време викендот.