Рекордни приноси од житните култури годинава

Македонија очекува рекордни приноси од житните култури во Овчеполието и во Источните региони, покажа анализата која ја направи Земјоделскиот Факултет во Штип, „Гоце Делчев“.

Според деканот, Илија Каров, од посевите во Овчеполскиот и Кумановскиот регион се очекува да се има принос на јачмен и пченица од седум до осум тони по хектар.

Каров оценува дека поплавите во Србија ќе допринесат до зголемување на цената, но сеуште е рано да се пресмета колку таа би изнесувала.

За годинава се очекува намалување на увозот од Србија, а додека пак зголемување на увозот на житарки од Унгарија.

Земјоделските експерти велат дека поради лошата ситуација во регионот се очекува зголемување на цената на градинарските производи. Позитивно за Македонија е тоа што има доволно градински производи за населението, но и за извоз.