ФОТО: Рекордни снежни врнежи во Москва

Руската престолнина Москва е зафатена од големо снежно невреме, проследено со рекордни врнежи од снег за овој период од годината, јавува новинската агенција „Интерфакс“, пренесува Нетпрес.

Според објавената информација, за само 36 часа во главниот град на Русија наврнало количество на снег, кое претставува 76 отсто од просечната месечна норма на снежни врнежи.

Обилните врнежи од снег во Москва почнале во понеделникот навечер, а престанале вчера.

Руските синоптичари соопштиле дека претходниот рекорд во наврнато количество снег бил регистриран на втори март во 1966 година.

Инаку, снежното невреме, кое ја зафати Москва на почетокот на неделава, нанесе снежна покривка од 50 сантиметри.

moskva-sneg4

Невремето предизвикало проблеми во авиосообраќајот, како и отежнато движење и бројни сообраќајни несреќи по патиштата и улиците низ градот.

moskva-sneg5