Македонија

Рекордно намалување: Цената на дизелот падна под 50 денари

Рекордно намалување: Цената на дизелот падна под 50 денари

Рекордно намалување на цените на горивата по шест години. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3 денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари.

Рекордно намалување: Цената на дизелот падна под 50 денари

Согласно одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 64 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 66,00 ден/лит. Новата цена на Евродизелот ќе биде 49 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега ќе изнесува 20,76 ден/кг.

Рекордно намалување: Цената на дизелот падна под 50 денари
Рекордно намалување: Цената на дизелот падна под 50 денари

Намалувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.