Рекордно ниска невработеност во Германија

Рекордно ниско ниво на невработеноста во јануари во Германија и покрај приемот на над милион бегалци изминатава година.

Бројот на невработени се намалил за 0,1 од 6,3 % во декември на 6,2 % во јануари.

Нивото на невработеност мерено како однос меѓу вкупниот број невработени и целата популација паднало за 20 илјади и дошло на рекордното ниво од 2,732 милиони во првиот месец од 2016 година, објави Федералната канцеларија за вработување.

Во споредба со другите европски земји Германија има убедливо најниско ниво на невработеност. Втората најголема економија во ЕУ има невработеност на ниво од 10,2 процетни а најмногу невработени имаат Грција (24,5 %) и Шпанија (20,8 %)