Свет

Рекордно висока волја меѓу Швеѓаните за помош на земјите во развој

Рекордно висока волја меѓу Швеѓаните за помош на земјите во развој

Рекордно висока волја за поддршка на обемот на државната финансиска помош што се издвојува за земјите во развој е присутна меѓу граѓаните на Шведска.

Такво високо ниво на позитивна настроеност меѓу Швеѓаните, чија земја инаку е на прво место во светот според обемот на буџетски средства пер капита наменети за меѓународна развојна помош, не е забележано уште од периодот на 1980-ите години.

Две третини од шведските граѓани, 66 проценти, сакаат да го задржат обемот на државната финансиска помош за сиромашните земји и за земјите во развој на сегашното ниво, или да го зголемат уште повеќе. Само 16 отсто од Швеѓаните сакаат обемот на средствата за оваа намена да биде намален.