Рекореден кинески суфицит во тровската размена со САД

Кинескиот вишок во трговската размена со САД во јуни достигнал рекордно ниво поажаа во петокот кинеските производи, со што се засилуваат и онака тензичните односи меѓу двете најголеми севетски економски сили.

САД и Кина се на работ од трговската војна којашто може да се одрази врз лобалната економјак, откако меѓусебно си воведоа царини на производи во износи од милијарди долари и откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот на кинеските производи во вредност од дури 200 милијарди американски долари.

Како што објави официјален Пекинг, кинескиот суфицит со САД во јуни достигнал рекордни 28,97 милијарди долари, со рекорден кинески извоз во најголемата светска економија од 42,62 милијарди долари Во првите шест месеци од 2018 година, со ова вишокот се големил на 113,8 милијарди долари, имајќи предвид дека билатералната размена продолжила да расте и покрај судирите во трговската сфера.

Токму оваа нерамнотежа е главната причина за незадоволството на Вашингтон, а претседателот Трамп ги опишува како „нечесни кинески трговски практики, кои им штетат на американските компаниии и го уништуваат работните места“ во САД.

Во соопштението на кинеското минитсерство за трговија од четвртокот за овие прболеми се обвинуваат САД, и се тврди дека вредноста на неремнотежата е предимениониран, како и дека тие се последици на структурните проблеми во самите САД, Од Пекинг предупредуваат дека трговската војан ќе има негативни последици за целиот свет.

„Овој тргвоски спор недвосмислено ќе влијае на кинеско-американската трговија и ќе има многу негативни последици за глобалната размена“, изјави портпаролот на кинеската царинска управа Хуанг Сонгпинг во петокот на редовниот брифинг со новинарите. Порача воедно да „пред надворешнотрговската размена стојат предизвици имајќи предвид на растечката нестабилност и не известност во глобалното опкружување“.

Вкупниот кинески извоз во јуни на годишно ниво се зголемил а 11,3 отсто, додека увозот е зголемен а 14,1 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.